Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски пратеник од ЦСУ поднесе оставка бидејќи земал кеш за да лобира за Груевски

Германски пратеник од ЦСУ поднесе оставка бидејќи земал кеш за да лобира за Груевски

Германскиот пратеник Тобијас Цех од владеачката ЦСУ поднесе оставка затоа што земал пари во готово за да лобира за поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, објави „Шпигел“.

Цех му овозможил во септември и ноември 2016 во Берлин да се сретне со тогашниот сојузен министер за економска соработка Герд Милер, а потоа и со министерот за внатрепни работи Хорст Зехофер во Минхен, како и со други високо рангирани политичари. 

Пратеникот од  Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Ангела Меркелза, за тоа на ВМРО-ДПМНЕ му наплатил околу 50 илјади евра. Цех во ноември 2016 се појави и на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања .

Тој парите ги земал преку фирмата „Скалигер Стратеџи Консалтинг ореку која склучил договор за ОР-консалтинг со ВМРО-ДПМНЕ. Покрај ова, му се препишуваат и други скандали преку оваа фирма, поради што Цех бил приморан да поднесе оставка.


Слично

Поврзани вести