ГЕРМАНСКИ ПРАТЕНИЦИ: Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Груевски
Германски пратеници се со став дека случајот со поранешниот македонски премиер, Никола Груевски „смрди до небо“.
Тие велат „Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Никола Груевски, а Македонија да разјасни дали бегството уследило по дозвола од тамошните власти“, објави Дојче веле. Во изјава за истиот медиум, пратеникот и член на парламентарната комисија за надворешна политика, Јосип Јуратовиќ, вели дека „во случајот Груевски нешто смрди“.
„Ако работата се погледне подобро, таа смрди до небо. Случајот Груевски со тоа станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија“, вели Јуратовиќ, додека според неговиот колега Андреј Хунко од германска Левица, унгарската Влада штити правосилно осуден бегалец.
Според него, очигледно не се работи за азил за политички прогонувано лице.
