Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски министер порача дека Македонија не е подготвена за ЕУ

Германски министер порача дека Македонија не е подготвена за ЕУ

Уште не се исполнети сите критериуми за овие две земји да бидат подготвени за членство во ЕУ, изјави министерот за економија на Германија, Петер Алтмајер, за Северна Македонија и Албанија. 

Вели дека овие држави напредуваат, но сè уште не се подготвени за членство во ЕУ, бидејќи за тоа е потребна силна борба против корупцијата и независност на правосудството во двете земји.

Тој не сакаше да ја коментира одлуката за одложување на почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, но нагласи дека ЕУ мора да усвои едногласна одлука.

„Како министер за економија, сакам да видам стабилен економски развој во сите земји од Западен Балкан, без оглед на тоа каде и под кои услови ќе се случи пристапувањето кон ЕУ. Важно е да се обезбеди граѓаните од овој регион да имаат перспектива и учество во економскиот раст, во новите работни места и обуките“, изјави Алтмајер.

Во таа насока, рече германскиот министер, работиме со овие земји, како што беше дигиталниот самир каде склучивме договор за роаминг.

Слично

Поврзани вести