ГЕРМАНСКИ МЕДИУМИ: Берлин може да ја стави земјава на листата држави со висок ризик
Германската влада има намера да ја стави Северна Македонија во групата земји со висок ризик од инфекција со коронавирус, пишуваат денеска весниците од медиумската групација „Функе“, а пренесува Дојче Веле на македонски јазик.
Според плановите на германската влада, наскоро во категоријата земји со висок ризик од корона би требало да се најдат уште неколку земји и региони, меѓу кои и Северна Македонија, јавуваат весниците од медиумската групација „Функе“. Како што тврди печатот, во групата со висок ризик ќе се најдат делови од Грција, вклучително и Крит, Јонските острови и јужниот Егеј, потоа делови од Ирска, како и Косово и Северна Македонија.
Оние кои во Германија доаѓаат од подрачја со визок ризик би морало да одат во десетдневен карантин. Тоа не важи за лицата кои се вакцинирани или имаат сертификат дека се оздравени. Доколку лицата имаат негативен тест, самоизолацијата може да биде прекината најрано по петтиот ден.
