ГЕРМАНСКИ ФОРЕНЗИЧАРИ, СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА ДНК АНАЛИЗИ ДОАЃААТ ВО ТЕТОВО - ќе ја помагаат истрагата на ОЈО за кобниот пожар
Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи, за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, соопшштија од Владата.
„Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација“, објаснуваат од Владата.
Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени.
„Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО“, потенцираат од Владата.
