Германски димпломат од недела до вторник во посета на Скопје и новата влада
Од недела до вторник германскиот државник Михаел Рот ќе престојува во Макеоднија.
Тој е државен секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија и покажува задоволство од првите сигналина новата влада.
„Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Одговорните политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се вели во информацијата од германското МНР пред посетата“.
По посетата на Белград каде главен фокус на патувањето е европскиот пат на Србија., Рот ќе дојде во Скопје.
По Белград Рот патува во Скопје каде што новата влада ја почна својата работа по изборите во декември. Формирањето на владата беше долго и тешко, се вели во информацијата од германското МНР во која не се наведува со кого ќе се сретне германскиот дипломат во Македонија.
