Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германската влада негира спасувачка акција за Дојче Банк

Германската влада негира спасувачка акција за Дојче Банк

Германската влада ги негираше наводите на повеќе германски медиуми дека подготвува сценарио за спас на Дојче Банк со државни средства со кои би презела 25% од акциите. 

Дојче Банк се наоѓа во сериозни проблеми откако вредноста на акциите двојно опадна годинава, а се соочуваат и со плаќање на огромна казна во САД од 14 милијарди долари за непроверени и ризични хипотеки кои датираат уште од економската криза во 2008-ма.

Написите се погрешни. Германската влада не подготвува план за спас, нема потреба да навлегуваме во вакви шпекулации, посочи германскиот министер за финансии Волфганг Шубле.

Ниту германскиот банкарски регулаторен одбор засега не предвидува спасување на Дојче Банк која продава имот и сопственички удели во повеќе компании со цел да собере доволно средства за да може да ја плати казната на Американското министерство за правда.


Слично

Поврзани вести