Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потпишан е договорот – во март почнува да се гради пруга кон Бугарија

Потпишан е договорот – во март почнува да се гради пруга кон Бугарија
Реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце почнува во март догодина. Пругата која ќе се санира е долга 31 километар и треба да ја врзе Македонија со Бугарија. Според планот, по оваа делница ќе се прават уште две, за железничко поврзување од Коридор 8. Работата ја доби германската компанија „Вибе“.  Договорот беше потпишан денеска, а како што соопштија од „МЖ Инфраструктура“, проектот тежи околу 360 милиони евра. „Наша цел, како компанија е да оставиме што е можно повеќе пари во државата. Така што ние ќе се насочиме кон тоа материјалите да ги набавиме од вашата држава и да ангажираме локално население да работи на проектот. Секако знаете дека шините мора да се купат надвор од вашата држава. Токму заради тоа сметаме дека парите што се дадени од ЕБРД ќе останат во вашата држава, за ваш бенефит“, изјави Волфганг Кортен,претставник на „Вибе“. Делницата треба да се заврши до третиот квартал во 2016 година. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, со потпишување на договорот, изградбата на железничката пруга до границата со Бугарија станува реалност. Притоа треба да се догради горниот и долниот строј на железничката пруга, да се направат три станични згради и стојалишта. Проектот вклучува изградба на мостови, тунел, пристапни патишта друга неопходна инфраструктура. Во однос на останатите две делници за поврзување со Бугарија, како што информираше Јанакиести се прават проекти. Тој за Бељаковце – Крива Паланка, делница долга 34 километри треба да биде готови до 2015 година. Парите за него, околу 144 милиони евра ќе се обезбедуваат д меѓународни финансиски институции. Документација се собира и за последната делница, Крива Паланка - Деве Баир во должина од 24 километри која ќе чини околу 360милиони евра. Кога се ќе биде завршено, Бугарија од нејзина страна ќе треба да доизгради 2 километри пруга за да стигне до граница. Ова, според јанакиески, веќе било договорено.
Слично

Поврзани вести