Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германска фирма „лови“ работници, само за сместување 850 евра

Германска фирма „лови“ работници, само за сместување 850 евра

Германската компанија Konig бара работници во хрватскиот град Сплит. 

Тие бараат млади и вредни работници, а поделија и материјали на кои пишува „Вашата нова работа во Германија“, пишува Слободна Далмација.  

Но, стигнаа и првите заинтересирани, а се бараат електричари, работници за бродоградба, монтери, инсталатери за санитарија и греење и слично. 

Плаќаат по 10,13 евра по час, а оној кој работи 170 часа месечно добива и 850 евра за сместување. 

Појаснуваат дека за почеток можат тие да најдат сместување или работниците сами да се снајдат. 

Познавањето на германски јазик не е задолжително, но ако личноста го знае јазикот, полесно ќе напредува. 

Слично

Поврзани вести