Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКА АМБАСАДА: Македонија добива годишна квота од 4.750 визи

ГЕРМАНСКА АМБАСАДА: Македонија добива годишна квота од 4.750 визи

Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Македонија добива годишна квота од 4.750 визи, соопштуваат од германската амбасада во Скопје. 

Сојузната влада овозможи за државјанитеод Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. 

„Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање. Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика. Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето“, информираат од амбасадата. 

За нашите граѓани Германија е атрактивна за работа и живеење. 

Слично

Поврзани вести