Германија понудила лекување на нашите пациенти во нивни болници
Германија понудила лекување на нашите пациенти во нивни болници.
НАТО создава заеднички фонд кој ќе ги покрие итните потреби на земјите членки и фонд што ќе се користи за набавка и обезбедување медицинска опрема, но и транспорт на опремата, на пациентите и на здравствените работници.
„Франција ја доби помошта од Германија за третман на пациенти во своите клиники и оваа понуда Германија ја дава на сите земји членки на НАТО. Таква понуда доби и нашата земја“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што се одржа преку видеоврска.
Договорено е во рамките на алијансата да се создаде резерва од медицинска опрема.
Слично
