Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија денеска гласа за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Германија денеска гласа за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Македонија очекува на денешната сеница на Бундестагот да добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ, а потоа „европската локомотива“ да ја следат и останатите членки пред дефинитивната одлука на 15 октомври.

Препорака за старт на преговарачкиот процес даде комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, а консензус за Македонија  постигнаа владеачките  партии - демохристијаните и социјал демократите познати како коалицијата ЦДУ/ЦСУ. Пораки дека позитивно ќе се изјасни упати и втората политичка групација по големина - СПД,

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи веќе е допатуван во Берлин и во живо ќе присуствува како гoстин на клучната седница и веќе најави дека е повеке од сигурен дека Македонија ке го помине и овој филтер на патот кон одлучувачкиот октомври.

Во интервјуто за националниот сервис, премиерот Зоран Заев од Њујорк, каде што учествува во Генераното собрание на ОН, нагласи дека посебно е важно дека нашата земја ја има мнозинската поддршка од граѓаните и од земјите-членки на Европската Унија и дека не постои земја-членка на ЕУ, која што има некој проблем кон Македонија.



Слично

Поврзани вести