Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНЦИТЕ ВО АПРИЛ БИЛЕ ПОБРОЈНИ ОД СРБИТЕ: Од која држава ни доаѓаат најмногу туристи?

ГЕРМАНЦИТЕ ВО АПРИЛ БИЛЕ ПОБРОЈНИ ОД СРБИТЕ: Од која држава ни доаѓаат најмногу туристи?

Турците и Германците во април биле најчести гости во земјава. 

Држави од каде дошле најмногу туристи во април годинава во Македонија се: Турција со 21.124 , потоа Германија со 11.097, Србија со 4.905  и Франција од каде што дошле 4.881 туристи.

Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96.943, од кои 21,4 отсто се домашни туристи, а 78,6 отсто се странски туристи, објави Државниот завод за статистика(ДЗС)

Бројот на ноќевањата во април 2025 година изнесува 171.886, од кои 26,5 отсто се од домашните туристи, а 73,5 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,4 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за  4,2 отсто, а кај странските има зголемување за 21,6 отсто.

Долго време Турците се најбројни туристи, како и Србите.  

foto Wikipedia/ xiquinhosilva

Слично

Поврзани вести