Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ: И ЕУ може да посегне по одмазда

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ: И ЕУ може да посегне по одмазда

Стравот од можна трговска војна заради американските тарифи за челик и алуминиум ги загрижи Германците, затоа што земјата е извозно ориентирана. 

Од ZEV Институтот од Минхен врз основа на направени интервјуа велат дека постои загриженост и резервираност во прогнозите за тоа каде ќе се движи економијата. 

Новите царини за увоз на челик и алуминиум кои ги бара американскиот претседател, Доналд Трамп можно е да доведат до реакции кај другите партнери од ЕУ кои би можеле да посегнат по одмазда. 

Германија е најзагрижена затоа што зависи од извоз на автомобили и машини. 

Според Светска банка извозот во 2016 година сочинувал 46 проценти од БДП, а во САД е 12 проценти. Марио Драги, шефот на Европската централна банка смета дека одлуката на Трамп може да влијае на 19 земји во кои еврото е заедничка валута. 

Слично

Поврзани вести