Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците постојано вработуваат и бараат уште работници

Германците постојано вработуваат и бараат уште работници

Бројот на невработени лица во Германија е намален во декември за 183 000 на годишно ниво.

Цела 2017 година е завршена со рекордна вработеност од 44,3 милиони вработени лица.

Стапката на невработеност во декември изнесувала 5,3 отсто, исто како и во ноември, според податоци на германската национална агенција за вработување.

Бројот на невработени во декември, на месечно ниво пораснал за 17 000 на вкупно 2,3 милиони.

Побарувачката на компаниите за нови работници и понатаму бележи “силен раст“, изјавил директорот на националната агенција за вработување Детлеф Шеле.

Германија регистрира пад на стапката на невработеност после силниот извоз и растечка домашна побарувачка, поради што 2017 година ја заврши со најголем број на вработени од обединувањето на Германија до 1990 година. 

НИКОГАШ ПОЛЕСНО ДО РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Овие занимања се најбарани-подготвени за нов бран гастарбајтери

Слично

Поврзани вести