Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНЦИТЕ ПОРИГОРОЗНИ: Странци подгответе се

ГЕРМАНЦИТЕ ПОРИГОРОЗНИ: Странци подгответе се

Германија ќе ги заостри прописите за продажба на компании на инвеститори надвор од Европа. 

Ова го најави германскиот министер за економија, Петер Алтмајер кој е загрижен заради кинеските амбиции. 

Со ова Владата ќе може да запре некој странски инвеститор ако уделот во стратешки важна компанија надминува 25 отсто. 

Новиот праг може да биде 15 отсто, а овие промени најверојатно ќе почнат да важат од 2019 година. 

Министерот вели дека сакаат да продолжат инвестициите во земјата, но и да ја осигураат националната безбедност. 

Заради кинеските амбиции, Германија веќе две години е загрижена. 

Берлин при крајот на јули два пати интервенираше да ги блокира кинеските инвестиции. Но, Пекинг тврди дека сака добри економски односи од кои и двете страни ќе имаат корист. 

Растот на кинексите инвестиции е импресивен. Во 2017 година вложиле 12 милијарди евра, во 2016 година 11 милијарди евра, а во 2015 година 663 милиони евра. 

И ЕУ е загрижена заради влезот на Кина во Источна Европа. 

Слично

Поврзани вести