Економија, финансии, бизнис

Контакт

Герила пред болницата во Кочани за оставка на Филипче: Тој им врати дека се непримерни

Герила пред болницата во Кочани за оставка на Филипче: Тој им врати дека се непримерни

Со транспаренти и со извикувања го пречекале министерот за здравство денеска членовите на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани. По предавањето во употреба на модуларната болница, тие упатиле критики за кадровските, техничките и просторните недостатоци во Општата болница. Побараа оставка од министерот.

Министерот рече дека во време на најголема здравствена криза со која се соочува човештвото, опозицијата продолжува со недолично однесување омаловажувајќи го трудот на здравствените работници кои од почетокот на ковид панедмијата се на првата борбена линија се грижат за здравјето на граѓаните и спасуваат човечки животи

„Ова е криза во која се соочуваме со многу проблеми, предизвици, за жал еве го гледаме однесувањето на опозицијата - едно непримерно однесување коешто е за голема осуда. Протестираат, викаат со транспаренти во моменти кога се соочуваме со најголемата криза во историјата на човештвото во нашата земја, посебно во делот на здравството. Тие ги омаловажуваат, се потсмеваат со трудот на здравствените работници коишто деноноќно работат, распределба прават, обезбедуваме болнички кревети се со цел да ниту еден пациент не остане без потребната болничка нега. Овој начин на однесување којшто е срамен - блокади на сето тоа што го правиме во изминатиот период за жал морам да констатирам продолжува и сега - рече Филипче.

Во меѓувреме пред Министерството за здравство имаше протест на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Тие протестираа поради случајот со родилката од Дебар, но и многу актуелни како што велат проблеми во здравството. Се обрати пратеникот Миле Лефков

„Тука сме да зборуваме само за една тема, за неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче. Здравството во државата ни го води целосно неспособниот министер Венко Филипче. Филипче признал дека нема вакцини. А само пред неколку месеци самиот тој излезе и кажа дека има вакцини од Фајзер, но не ја кажуваме бројката.

Сметам дека за Филипче, па и за сите други функционери да има кривична одговорност, затоа што свесно го лажат народот. Филипче свесно го лаже народот и создава лажни очекувања. И сите заболени и сите починати ќе одат на неговата душа. Особено оние кои што се заразија и починаа. Венко Филипче само се грижи за партискиот интерес. Тој директно беше вклучен во сите кампањи на СДСМ. И денеска го нема. Се надевам дека грешам. Меѓутоа можам да се кладам, дека и денеска ќе го видите сликан, сниман до некој градоначалник како нешто отвора, како нешто промовира, а потоа си оди на ручек си седат со Мила Царовска и се смеат, вели пратеникот Миле Лефков. 


Слично

Поврзани вести