ГЕРИЛА НА АКТИВИСТИ НА ЛЕВИЦА: Заев и Пендаровски ги заобиколуваа за да положат цвеќе во Прилеп
Единаесет активисти на Левица (со маици обележани со нивниот партиски симбол) денеска стоеja пред платото во меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп каде претпладнево има Свеченост по повод јубилејот 80 години од Денот на народното востание - 11 Октомври.

Тие дојдоа пред почетокот на свеченоста и останаа додека делегациите ги полагаа венците цвеќиња.
Прв цвеќе положи претседателот на држава Стево Пендаровски, па следуваше владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев.
Слично
