Економија, финансии, бизнис

Контакт

Герила акција во Скопје против најчестите дезинформации

Герила акција во Скопје против најчестите дезинформации

На повеќе локации низ Скопје,  денеска анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија.

 Авторите на инсталациите поставија пет најзлонамерни дезинформации и ги соочија со пет народни мудрости.

 АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, наведено е на едната макета.

– Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!, се порачува од друга.

– Путин ја ослободува Украина од фашизмот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, гласи пораката на трета макета.

– Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!, порачуваат авторите на герила акцијата.

– За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!, гласи пораката на една од макетите од акцијата.

Слично

Поврзани вести