Герасимовски: Во моментов има над 300 барања за градење во Центар
Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар, во студиото на „Слободен печат“ рече дека во моментов во локалната самоуправа се работи на над 300 барања за градба на територијата на општината. Ова според градоначалникот, е е пилог од укинувањето на Мораториумот на градбите од страна на УСтавен суд.
„По поништувањето на 2021, се соочуваме со голем број на барања за градба - над 300 во моментов. Им синувам капа на целиот тим на вработени во секторот за урбанизам, за тоа со какви предизвици се соочуваат секојдневно, рече Герасимовски.
Тој дополни дека инвеститорите,како што рече, регаираат „преку инспектори“, ако се одолговлекува со дозволите.
„Не сме во можност да стопираме градба, ако нешто малку се пролонгира, реагираат преку инспекции кои доаѓаат во општината и велат зошто не реагирате. Немаме начин целосно да ја стопираме урбанизацијата“, додаде Герасимовски.
