Економија, финансии, бизнис

Контакт

Герасимовски: Ве повикувам во вториот круг да се обединиме и заедно да ја продолжиме визијата за развој

Герасимовски: Ве повикувам во вториот круг да се обединиме и заедно да ја продолжиме визијата за развој

Кандидатот на СДСМ за градоначалник во Центар, Горан Герасимовски се огласи на социјалните мрежи. 

Тој објави фотографија и напиша „Победнички Центар“. 

„Благодарен сум што граѓаните на Центар, како и секогаш, одлучија да излезат на изборите и да донесат вистинска одлука. Центар денеска вистински победи. Сакам од срце и искрено да се заблагодарам на сите граѓани кои ја дадоа поддршката за мене и мојот тим. Денес извојувавме убедлива победа. Победивме во 95 отсто од избирачките места. За мене е огромна чест, признание и огромна одговорност и обврска. До сите што се двоумеа или имаа дилеми – време е истите да ги надминеме. Ве повикувам во вториот круг да се обединиме и заедно да ја продолжиме визијата за развој на Центар. Центар што го сакаме е реалност и Центар што граѓаните го сакаат победи денес. Ќе победи и за две недели. Центар е и ќе остане во рацете на граѓаните, во сигурни раце“, рече Герасимовски.

Според последните податоци од Државната изборна комисија од 45 отсто обработени избирачи, Герасимовски има 3.716 гласови, а зад него се Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ со 2.642 гласа, независната кандидатка Билјана Ивановска со 1.930 гласа и Марија Среброва од Левица со 952 гласа.

Слично

Поврзани вести