Герасимовски прогласи победа во Центар
Гордан Герасимовски прогласи победа во Општина Центар и тој ќе биде единствениот градоначалник од редовите на СДСМ што победил во една скопска општина. Ќе дојде на местото на својот сопартиец Саша Богдановиќ, а победена е Наташа Котлар од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Центар останува во вистински раце, победувме убедливо со речиси 2000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина.
Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и да го подигнуваме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден“, објави Герасимовски.
