Економија, финансии, бизнис

Контакт

Герасимовски: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“

Герасимовски: Најстроги санкции за инвеститорот и изведувачот на „Теодосиј Гологанов“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вечерва на Сител телевизија информираше за состојбата по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде беше евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат.

Герасимовски истакна дека веднаш по инцидентот свикал итен кризен состанок, на кој присуствувале деканот на Градежниот факултет, претставници од Државниот инспекторат за труд, инвеститорите, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица од надлежните служби, со цел итно координирање на активностите и преземање мерки за заштита на граѓаните.

Градоначалникот информираше дека во текот на денешниот ден до Општина Центар официјално бил доставен извештајот, односно стручните насоки и мислење од Градежниот факултет, по кои веднаш е постапено.

Согласно добиените препораки, Општина Центар изготвила и доставила решение за итно затрупување и обезбедување на градилиштето, со цел стабилизација на теренот, намалување на ризиците и заштита на безбедноста на граѓаните и околните станбени објекти.

При инспекцискиот надзор, како што посочи Герасимовски, биле констатирани сериозни неправилности во изведбата на градежните активности, при што било утврдено дека дел од работите не биле изведувани согласно одобрението за градење издадено од Општина Центар.

Слично

Поврзани вести