ГЕРАСИМОВСКИ И ЛАБУДОВИЌ ОДАТ ВО ВТОР КРУГ: СДСМ има повеќе советници, но ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ коалициски преовладуваат
Општина Центар на 2 октомври ќе избира помеѓу кандидатите на СДСМ, Горан Герасимовски и на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ - едниот, актуелен градоначалник на општината, другиот, заменик министер за енергетика.
Герасимовски во првиот круг освои 8.535 гласови, или 38,19 проценти од гласовите, додека Лабудовиќ, 5.707 гласови, или 25,54 отсто. Трета беше екс претседателката Билјана Ивановска, која освои 4,456 гласови или 19,98 проценти, а Марија Среброва од Левица освои 9,49 проценти, односно за неа гласале 2.121 жител на Центар.
Соодносот во советот пак, кажува друго - предничи СДСМ, но коалиционите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат повеќе советници заедно.

Во новиот состав, СДСМ ќе има осум советници. ВМРО-ДПМНЕ доби седум советнички мандати, а по нив следи Левица со тројца советници. Двајца советници ќе има ЗНАМ, исто колку и независната листа на „Независни заедно“, а еден советник доаѓа од коалицијата на ДОМ, „Зелена иднина“.
Еве и кои се новите членови на советот на Центар:
