(ВИДЕО) ГЕРАСИМОВСКИ: Град Скопје ги остави скопјани без празнично украсен град и го уништи тоа што Општина Центар го украси
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски синоќа кажа дека Град Скопје ги остави скопјани без празнично украсен град и го уништи тоа што Општина Центар го украси.
„Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град за Нова Година, туку сега и го уништува тоа што општината го украси! Камионот на ЈП Комунална Хигиена, под ингеренции на Градот, помина низ Центар, ги искина сијаличките и продолжи како ништо да не се случило. Ова ли е одговорно однесување кон празничната атмосфера?”, реагира Герасимовски.
Скопје последниве години има оскудно украсување за празниците, од кое граѓаните не се задоволни. Крива Паланка е град кој доби пофалби за украсувањето.
Слично
