Герасимовски: Битката не е завршена, одиме на победа во вториот круг
Битката не е завршена, порачува кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Центар, Горан Герасимовски, кој денеска им се заблагодари на сите граѓани кои му ја
дадоа поддршката и довербата во првиот круг на Локалните избори 2021 година.
-Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но, битката не е завршена. Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа”, рече тој.
Герасимовски испраќа и порака дека остануваат уште две недели од кампањата во кои треба да се пренесе пораката дека Центар останува демократска, напредна и силна општина.
„Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите”, порача Герасимовски.
