Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георгиевски за БГНЕС: Бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија

Георгиевски за БГНЕС: Бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС зборува за македонско - бугарските односи. 

„Јас бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека таа може да нè нападне во секој момент. Не ни рекоа да се пазиме од Грците, Албанците, Американците или од Русите. Само од Бугарија. Ни беше кажано како да се однесуваме, како да ги закопчуваме кошулите, предупредувајќи нè дека има бугарски агенти кои само чекаат да снимаат пијани југословенски војници како дел од оваа пропаганда, што беше достапна дури и во училиштата“, вели поранешниот премиер и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски за  БГНЕС.

Тој вели дека проблем е што откако дојде демократијата, ние, за жал, не сторивме ништо. Ниту промена во терминологијата ниту промена во историските перцепции.

Неодамна и премиерот Зоран Заев даде интервју за БГНЕС, за што не стивнуваат реакциите во земјава и во регионот. 

Слично

Поврзани вести