Георгиевски: Велевме барем два месеци да биде Македонија независна држава, пак ќе го има тоа во историјата
Eдно е јасно ако таа самостојна и независна Македонија не беше поддржана од сите фактори во таа 90 година, макар дури и пасивно, а не со отпор, Македонија немаше да биде самостојна држава, вели екс премиерот Љупчо Георгиевски.
Тој вели дека во средбите што ги имал во тоа време како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и активностите за независна држава постојано се потенцирало да се прогласи самостојност, макар и таа да трае неколку месеци.
„Значи, имало голема желба кај сите структури независно дали се етнички, политички или идеолошки различни, Македонија да стане самостојна држава. Се размислуваше за притисокот од Милошевиќ, дали ќе има упад од ЈНА или не, да се работи на будење на македонските граѓани за самостојност и незавиност и велевме барем два месеци да биде Македонија независна држава, пак ќе има во историјата дека имало самостојна Македонија“, рече Георгиевски на трибината „Патот до незавсиноста“ што денеска се одржа во Владата по повод 30-годишнината од независноста.
Според него, опстанокот на земјава 30 години со, како што рече, толку маки, премрежија, борби е гаранција дека ќе опстанеме барем во следните стотина години.
На денешната трибина учествуваат и првиот претседател на македонското Собрание Стојан Андов, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, како и Васил Тупурковски, Љубомир Фрчкоски, Ѓулистана Марковска, Насер Зибери, Џевдет Хајредини, Мухамед Халили и Денко Малески.
