Георгиевски прогласи победа на локалните избори во Охрид
Константин Георгиевски, кандидатот на СДСМ и на коалицијата за градоначалник на Охрид, прогласи победа на локалните избори во оваа самоуправа.
Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа, а тој пред медиумите истакна дека разликата е предност од околу 4.000 гласа.
Според преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред противкандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.
Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе се слави, оттаму што сегашната разликата во гласовите укажува на извесна победа на градоначалничките избори.
Слично
