Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георгиевски: По изборите мора да се мисли за евроинтеграцијата

Георгиевски: По изборите мора да се мисли за евроинтеграцијата

Лидерот на ВМРО Народна партија и екс премиер, Љупчо Георгиевски вечерва во Топ тема на Телма изјави дека по изборите мора да се мисли за евроинтеграцијата на земјата.

„Овие два проблеми со Грција, а пред се со Бугарија треба да бидеме свесни дека не го решава ниту еден човек, ниту една партија.  Мора сите да бидат свесни, дека мора да бидат вклучени сите партии, и албански, интелектуалци, новинари.  По овие избори не смееме да ја оставиме нашата евроинтеграција.  Не можеме да викаме ова е ништо,  нас ова не нè интересира. Ова е главната дебата која треба да ја имаме во Македонија. Патриотизмот е да бидеме економски јаки, да имаме мир затоа што гледаме како држави постари, појаки се распаѓаат“ – изјави Георгиевски.

Вели дека оваа формула со патриотизмот и не давање на името поминува кај народот и носи гласови. 

На прашањето дали се кае што наследник му станал Никола Груевски рече дека бил во тоа време под притисок, и од домашните медиуми и од меѓународниот фактор и затоа се повлекол од лидерската позиција. 


Слично

Поврзани вести