ГЕОРГИЕВСКИ: Непотребен луксуз е да застанеме овде и да не одиме по патот на ЕУ
Според екс премиерот, Љубчо Георгиевски, францускиот предлог за Македонија е добро решение и непотребен луксуз е да застанеме овде и да не одиме по патот на ЕУ.
„Очигледно изгледа за нерешлив ама сами си го правиме таков, јас навистина сметам дека, бугарската политика, имаше негатива позиција со она 45та и после 45та година, меѓутоа после дојде францускиот предлог кој сметам дека за Македонија понуди добро решение, а за бугарската политика излезно решение, а тоа е темата од само и само историја, да се префрли на малцинските права. Сметам дека Македонија во овие 30 години независност имала многу големи проблеми пред себе, решавала тешки задачи, и и се поставувале тешки обврски, а ова сега од сите тие проблеми што сме ги надминале за мене не е ни проблем. Не знам зошто некои структури во Македонија и политички и интелектуални и новинарски, прават проблем каде што го нема. Пак ќе кажам, навстина сметам влезот на Бугарите, Хрватите, Евреите и други заедници, не е никаков проблем и не гледам потреба по 2 години од францускиот предлог и она што пред нас се нуди, сметам дека е премногу непотребен луксуз за Македонија застане овде и да не оди по патот на ЕУ“, вели Георгиевски.
Тој смета дека Македонија во 30 години независност имала многу големи проблеми пред себе.
