Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георгиевски: Ќе ја изгубиме онаа приказна за античка Македонија

Георгиевски: Ќе ја изгубиме онаа приказна за античка Македонија

Поранешниот премиер, Љупчо Георгиевски вечерва во Топ тема на Телма рече дека со Договорот од Преспа, ќе ја изгубиме онаа приказна за античка Македонија. 

„Нема тоа да биде државна политика, нема да градиме споменици“, рече Георгиевски. 

Тој праша дали толку не разбираме што за нас значи кога Косово и Србија ќе направат корекција на граници. 

Вели дека проблем е што сите ќе одат напред, Србија, Албанија, а ние ќе стоиме во место. 

„Ќе си останеме за жал една дупка на Балканот“, вели Георгиевски. 

За Бугарија вели дека Илинден и Свети Кирил и Методи се работи кои треба да нè спојуваат. 

Слично

Поврзани вести