Георгиевски: Мислам дека со избори само ќе го потврдиме ќорсокакот
Поранешниот премиер, Љупчо Георгиевски вечерва во Топ тема на Телма изјави дека изборите се ризик кој може да го закопа Договорот.
„На избори повторно ќе се сведе на тоа кој е ЗА, а кој Против договорот, исто како на референдумот. Мислам дека со избори само ќе го потврдиме ќорсокакот. Ризик се изборите зошто може да го закопаат договорот и меѓународната заедница да се откаже од нас. ВМРО-ДПМНЕ очекувам дека ќе продолжи да се однесува популистички. Може и да се случи претседателот пак да одбие да додели мандат. Затоа, мислам дека изборите се потешкиот пат“, рече Георгиевски.
Toј вели дека е реално пратениците да бидат заплашени од граѓани, институции и од партиското раководство доколку гласаат.
„Доволно е да размисли дали утре јас пак ќе бидам кандидиран за пратеник“ - рече Георгиевски.
За ВМРО-ДПМНЕ вели дека проблемот со името е и нивни и тие ќе го наследат ако не се реши.
