(ВИДЕО) ГЕОРГИЕВ ЗА ДИСКОТЕКАТА: Внатре е целата излепена со најевтина изолација, со сунѓер
Благојчо Георгиев од Кочани, од здружението „Хендикеп“, на Фејсбук сведочи дека две години негови луѓе ја обезбедувале дискотеката во Кочани и укажа на многу недостатоци.
„Нек почиваат во мир душите на загинатите. Меѓу нив имам братучед. Душата ме боли, сфаќате ли што зборам против овој систем. Две години мои луѓе ја обезбедуваа дискотеката. Газдата е едно парољупче, не постои таков друг на планета што сака толку пари. Јас колку што знам, дискотеката внатре е целата излепена со најевтина изолација, со сунѓер. Некои ќе ме пакуваа што сум зборувал, еве спакувавте толку фамилии. Ајде спакувајте ме, само во кочанската болница до сега има 63 луѓе, деца по 15, 16 години“, вели Георгиев.
Бројот на жртви се искачи на 59. Повредени се 155 луѓе.
