ГЕОРГИЕВ: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во ЕУ во замена за зелено светло за прием на еврото
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев ги оцени како лага тезите на бугарската опозиција дека официјална Софија ќе ја пушти Македонија на патот кон Европската Унија(ЕУ) во замена за зелено светло од Брисел за прием на еврото како валута во Бугарија.
„Ова не само што е шпекулација, туку е и груба и тешка лага“, рече Георгиев.
Бугарија бара Македонија да ги заврши преземените обврски, односно да ги внесе Бугарите во Уставот. Македонија уште е во чекалната на ЕУ, а соседна Албанија лани ги почна преговорите и во 2027 година има реални шанси да влезе во ЕУ.
Слично
