Георгиев им пиша на колегите од ЕУ: Се жали дека Македонија сака да го компромитира европскиот консензус
Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев упати писмо со кое ги информира своите колеги од земјите-членки на Европската Унија, како и од европските институции, за како што вели, најновите обиди на Македонија да компромитира важни елементи од европскиот консензус.
Пишува дека Бугарија изразува растечка загриженост за континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската Унија.
„Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра волја, како што самиот Европски совет постојано инсистираше“, се потенцира во писмото.
Георгиев порачува дека неговата земја „останува на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска Унија“.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави дека ќе ја достави до пратениците резолуцијата со „црвени линии“ се работи за националните интереси и стратешката цел на државата, полноправно членство во унијата.