Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕОРГИЕВ ДО МАКЕДОНИЈА: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања

ГЕОРГИЕВ ДО МАКЕДОНИЈА: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања

Софија соопшти дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови за Македонија. 

„Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на РСМ во ЕУ“, изјави денеска министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, пренесува агенцијата БТА.

Министерот им се заблагодари на пратениците за одлуката поврзана со напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија, која беше усвоена минатата недела. Во одлуката на парламентот од минатата недела се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите на Македонија исто така строго да ги спроведуваат договорите што ги презедоа, потсетува БТА.

Според Георгиев, одлуката покажува дека Бугарија ги исполнува своите обврски. 

На почетокот на април Георгиев изјави дека „уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов“. 

Поради наводен притисок од бугарските европратеници, Европскиот парламент на ЕУ вчера го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава во кој за прв пат требаше да ги има термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.

Бугарија ставаше вето и не дозволи Македонија официјално да ги почне преговорите со ЕУ. Претходно, Франција стави вето за Македонија и Албанија. Инаку, Албанија лани ги почна преговорите и како што велат челниците на ЕУ, во 2027 година има шанси да влезе во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести