Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георги Прванов вели дека заедничката историја со Македонија е од средниот век

Георги Прванов вели дека заедничката историја со Македонија е од средниот век

Tемата за заедничка историја ја снемало од заклучоците на Советот за безбедност на Бугарија.

Oва го тврди  екс бугарскиот претседател Георги Прванов во интервју за бугарската телевизија БНТ. Смета дека историјата треба да биде главна тема. Вели дека ова прашање требало да се дефинира во позициите на Советот и јасно да стои дека заедничката историја со Македонија е од средниот век, за време на ренесансата, до почетокот на 20 век и дека таа се состои од бугарска национална свест. Но, додаде дека сега луѓето во Македонија се чувствуваат поинаку и  тој ја почитува оваа разлика.

Бугарија останува на истите ставови. Бара права за македонските Бугари и почитување на Договорот за добрососедство. 

Според екс бугарскиот премиер, Бојко Борисов, Советодавниот совет за национална безбедност кој дискутираше за односите со Македонија бил апсолутно непотребен. 

Борисов вели дека ништо суштински ново не е формулирано на седницата, а што го нема во Договорот за добрососедство. Екс премиерот вели дека претседателот Румен Радев сакал да покаже дека тој управува. 

Слично

Поврзани вести