Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот конзул Палашевски повикан на консултации кај Димитров

Генералниот конзул Палашевски повикан на консултации кај Димитров

Генералниот конзул на Mакедонија во Канада, Јовица Палашевски е повикан на консултации кај министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

Tој на официјален настан во Торонто говореше на бина на која била картата на голема Македонија. За ова Грција ја обвини македонската Влада дека го прекршила Привремениот договор меѓу двете земји од 1995 година.

Димитров вели дека нема да дозволи однесување кое што излегува надвор од Уставот на нашата земја и не е во интерес на државата.

Рече дека случајот ќе биде разгледан од посебна комисија, а вакви настани повеќе нема да бидат толерирани.

„Нема да дозволам излети против Уставот на Република Македонија, а недозволиво е грешките да се пикаат под килим. Во иднина ваквите излети уште поригорозно ќе ги третираме и нема да ги толерираме“- рече Димитров. 

За посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, Димитров потврди дека тој доаѓа идниот четврток и рече дека со нетрпение го очекува, како и дека заедно ќе соработуваат на агендата и на мерките за градење доверба.

Претходно официјална Атина побара Македонија да го смени македонскиот конзул Палашевски и го обвини за иредентизам. 

Случајот ги разбуди страстите во Грција, па дури медиумите пишуваа и дека е доведена во прашање посетата на Коѕиас кој кон крајот на месецот ќе пристигне во Македонија. 

Слично

Поврзани вести