Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот директор на Телелинк Албанија нов член на ИО на СДСМ

Генералниот директор на Телелинк Албанија нов член на ИО на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека Д-р Игор Бимбиловски, актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија, е избран за нов член на Извршниот одбор на последната седница на Централниот одбор.

Во биографијата што ја објавува СДСМ се вели дека тој е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.

„Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија. Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ“, објави владеачката партија.

Од политичките ангажмани, Бимбиловски бил претседател на ОО СДММ Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.

„Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ каде целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи а девет жени“, дополнува Билбиловски.


Слично

Поврзани вести