Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот директор на МЕПСО оствари работна средба со директорот на „Џенерал Електрикс“ за Југоисточна Европа

Генералниот директор на МЕПСО оствари работна средба со директорот на „Џенерал Електрикс“ за Југоисточна Европа

Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО денеска оствари работна средба со Гаетано Масара, директор за Југоисточна Европа за реномираната интернационална компанија „Џенерал Електрикс“, еден од најпознатите светски  производители на електротехничка опрема и решенија од електроиндустријата.

На средбата, што се одржа во дирекцијата на МЕПСО, беа разменети искуства од досегашна соработка меѓу двете страни и беа разменети мислења за актуелни и тековни проекти во преносната мрежа и во електроенергетскиот систем.

Претставниците на „Џенерал Електрикс“ покажаа интерес за инвестиции во енергетиката во електроенергетскиот систем, а беа разменети и мислења во однос на регулативата што го регулира електроенергетскиот сектор.

Оваа средба е дел од посетата на Масара на Република Македонија при што беа остварени средби и со највисоки претставници на Владата на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести