Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералната секретарка на Собранието - Марина Димовска: Mагичната формула на збирот од амбицијата плус посветеноста, изедначен со успехот

Генералната секретарка на Собранието - Марина Димовска: Mагичната формула на збирот од амбицијата плус посветеноста, изедначен со успехот

Кога амбицијата и посветеноста ќе се спојат доаѓа до успех. Еклатантен пример за магичната формула на збирот од амбицијата и посветеноста изедначен со успехот е токму Марина Димовска. 

Таа е генерален секретар на Собранието на Република Македонија, со своите секојдневни јавни настапи остава впечаток на моќна жена која неуморно работи да ги исполни личните, но и државните цели.

Во јавноста смела и непоколеблива, приватно опуштена и пријателски расположена. Нејзинот ден трае повеќе, времето е исполнето со безброј работни ангажмани и средби, но како што и самата вели секогаш наоѓа доволно време за да се чувствува подготвено, уредно и сигурно во себе. 

Таа е женската енергија во политичкиот свет каде засега сѐ уште доминираат мажите. Но, го пренесува гласот на жените на одлучувачката маса и покажува како е да се живее според принципите на рамноправноста.

Нејзиниот моден приказ го мами вниманието на списанијата за мода и модните критичари. А за тоа како изгледа денот на една успешна жена, надвор од кадарот на камерата и очите на јавноста за „Женски магазин“ открива токму Марина Димовска. 

1. Што е првата работа што ја правиш во поглед на негата кога ќе станеш наутро?

-Секогаш започнувам со темелно чистење на лицето и хидратација. Верувам дека негуваната кожа е основа за самодоверба и енергија во текот на целиот ден. 

 2. Со однос на витката линија, дали користиш специјален режим на исхрана и суплементи?

-Преферирам здрава, разновидна исхрана и секогаш внимавам што внесувам во телото. Не користам суплементи без претходна консултација со доктор, сметам дека здравјето треба да се гради одговорно. Темпото на мојата работа често трае од рано наутро до доцна навечер, но без разлика на обврските, секогаш наоѓам време да се грижам за исхраната. Тоа ми е клучно за да ја задржам енергијата, концентрацијата и кондицијата што ми се потребни за успешно носење на одлуки и справување со динамиката на денот.


3. Каков make up претпочиташ? Дали си љубител на посмели комбинации - гламурозен изглед и истакнати очи или повеќе сакаш нежни варијанти?

-Во секојдневието сакам чист и софистициран изглед. За јавни настани, не се плашам од посмели, моќни комбинации кои оставаат впечаток. 

Целото интервју на Женски магазин


Слично

Поврзани вести