Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕНЕРАЛКА ВО ЈСП: Вработени „ги рибаа“ држачите, седиштата и чкртаниците во автобусите, од претпријатието со замолница до сите што се возат во автобусите

ГЕНЕРАЛКА ВО ЈСП: Вработени „ги рибаа“ држачите, седиштата и чкртаниците во автобусите, од претпријатието со замолница до сите што се возат во автобусите

Иако хигиената генерално не ни е некоја силна страна, состојбата во автобусите покажува дека таа ни е на екстремно ниско ниво. Тоа е така затоа што автобусите се преполни со отпадоци, лушпи од сончоглед, а и се исчкртани речиси насекаде.
Од тие причини, од ЈСП-СКОПЈЕ излегоа со замолница до сите граѓани да внимаваат на хигиената во автобусите. 
„Со зголемен интензитет, ЈСП Скопје работи на одржување на чистотата во автобусите (редовна дезинфекција и чистење на држачи, седишта и прозори).

Целта на оваа активност е подигнување на свеста за важноста на хигиената и чистотата во јавниот превоз, особено во автобусите.

Замолуваме за поголема инволвираност на патниците, поттикнување на јавната свеста за чувство на одговорност и колективна грижа за јавниот превоз, со што ќе придонесеме за почиста, поздрава и поудобна околина.“ се вели во објавата.



Слично

Поврзани вести