Генчовска не го коментира Радев, но кажа кои се следните чекори
Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска вели дека бугарското МНР строго ќе го почитува договорот меѓу Бугарија и Македонија.
За изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје била избрзана, Генчовска одговори дека тоа е мислење на претседателот и не може да го коментира.
Генчовска истакна дека се во директен контакт со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, а тимот од МНР е во директен контакт на експертско ниво.
„Ни претстои експертска средба – колегите од МНР на Република Северна Македонија од 10 до 11 февруари ќе дојдат овде на експертски разговори за политичкиот пакет „4 + 1“, рече таа и додаде дека денеска доставила нацрт мандат до Советот на министри.да стане. Како што кажав, тој никако не отстапува од постоечките рамковни позиции, декларации на Народното собрание, особено почитување на Договорот за добрососедство и пријателство“, рече Генчовска.
Таа посочи дека ќе го земат предвид и мислењето на последниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедност под претседателот и нема да отстапат од рамковниот став.Премиерот на Бугарија, Кирил Петков има спротивен став од претседателот Румен Радев, кој го прекори дека неговата посета на Скопје била „избрзана“.
Петков вели дека посетата на Скопје „не само што не беше избрзана, туку и ужасно задоцнета“.
