Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генчовска: Нашата позиција е загарантирана, нивниот јазик не го признаваме и тоа ќе биде забележано во секој документ

Генчовска: Нашата позиција е загарантирана, нивниот јазик не го признаваме и тоа ќе биде забележано во секој документ

Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што граѓаните на Северна Македонија најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол во Софија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека од денеска се отвора ново поглајве во односите меѓу двете држави.

– За нас е историска можност што после 17 години кандидатски статус, Република Северна Македонија добива можност да ги почне преговорите уште задутре со ЕУ, со што почнува последната фаза од нашето пристапување во ЕУ. Се надеваме дека билатералниот процес со Бугарија и пристапните преговори ќе овозможат поблиска соработка меѓу нашите две држави. Очекуваме поддршка од Бугарија на овој пат, изјави Османи по потпишувањето на Протоколот. 

Двајцата министри оценија дека е постигнат напредок во работата на петте секториски групи и она што треба да се направи е тоа да се преточи во пракса.

Експертите од Министерството за надворешни работи на Бугарија продолжуваат да работат со експертските групи од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

– Се гледа дека сите кои беа вклучени максимално се вложиле за да има проекти, меморандуми со кои односите меѓу нашите две држави отвараат ново поглавје. Во сите сектори ќе се поврзуваат луѓето и институциите со цел соработката да биде поблиска, заснована на меѓусебна доверба, рече Османи.

Пред потпишувањето на Протоколот беше одржан вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со која копретседаваа министрите Османи и Генчовска.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера предлог-преговарачката рамка на француското претседателство со ЕУ беше одобрна од страна на Владата, по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание по Информацијата по овој документ. 

Министерката за надворешни работи на Бугарија сепак потврди дека позицијата на Бугарија со договорот со Македонија не се менува и не отстапува од тоа што го утврди Народното собрание. 

- Со едностраната декаларација истакнуваме дека нивниот официјален јазик не го признаваме и тоа ќе биде забележано во секој документ во интегративниот процес на Северна Македонија со ЕУ - истакна денеска министерката Генчовска и додаде дека потпишаниот протокол е составен дел на францускиот предлог, а дека преворите ќе започнат по внесувањето на Бугарите во Уставот.

- Во однос на нивниот официјален јазик, тоа е малку поспецифично во контекст на другите 26 земји членки на ЕУ. Тие имаат свој став и ние не можеме на кој било начин да ги обврземе да ја прифатат нашата официјална позиција. Но нашата позиција е загарантирана како што е формулирана според договорот - рече Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол на кој потпис денеска во Софија стави и македонскиот министер Бујар Османи.

Генчовска нагласи дека дека потпишаниот документ не е посебен, туку е составен дел од пакетот на францускиот предлог, но и дека првиот чекор на Македонија всушност, нема да биде почеток на преговори, туку политичка конференција во Брисел.

Генчовска додаде дека преговорите на Албанија со ЕУ ќе започнат веднаш по првата меѓувладина конференција.

Слично

Поврзани вести