Генчовска кажа што и предложиле на Македонија
Бугарската шефица на дипломатијата, Теодора Генчовска вели дека е добро тоа што го рестартирале дијалогот со Скопје.
Таа кажа и дека ѝ предложиле на македонската Влада да го евакуираат дипломатскиот тим од Украина ако има потреба. Воедно го обновиле предлогот Бугарија да го штити македонскиот воздушен простор.
„Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија се координатори на целиот процес, покрај водењето дијалог за политички прашања, во разговорот со шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија го проширивме опсегот на разговори“, рече Генчовска.
За дијалогот со Македонија, пак, Генчовска вели дека Бугарија очекува конкретни резултати.Премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација деновиве беше во посета на Бугарија.
Слично
