ГЕНЧОВСКА ИТНО ВО БИТОЛА: Собрани се траги, ќе се бараат снимки од безбедносните камери
Министерството за
надворешни работи на Бугарија соопшти дека министерката Теодора Генчовска ќе
отпатува итно во Битола и ќе го посети местото на инцидентот и ќе разговара со
претставниците на здружението, пренесува БНТ.
Додаваат и дека Центарот свечено беше отворен пред два месеци, а на церемонијата присуствуваа премиерот Кирил Петков и потпретседателката Илијана Јотова, кои, како што наведува БНТ, беа пречекани со навредливи зборови од мештаните.
Инаку, од Јавното обвинителство на Македонија информираат дека Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“.
-Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење. Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти, соопшти ЈОРСМ.
