Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генчовска е загрижена по бурните реакции во Македонија за францускиот предлог

Генчовска е загрижена по бурните реакции во Македонија за францускиот предлог

Бугарската министерката за надворешни работи Теодора Генчовска денеска изјави дека е загрижена за реакцијата во Македонија за францускиот предлог. 

Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Северна Македонија.

„Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет“, рече Генчовска. 

Вели дека бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи на Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.

„Колегите во Република Северна Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент“, додаде Генчовска.

Таа рече дека ќе преземат мерки против говорот на омраза во Македонија. 

Вечерва во 19 часот во Скопје повторно ќе има протест, и тоа петти по ред против францускиот предлог. 

47 повредени полициски службеници, двајца хоспитализирани, 11 со потешки повреди, 11 приведени лица од кои двајца малолетници, оштетени зградите на Собранието и МНР  е епилогот од протестот кој ескалираше синоќа. 

Мнозинство од бугарскиот народ не го оправдува кревањето на ветото во бугарското Собрание, покажа анкета на агенцијата Алфа Рисрч. 

Слично

Поврзани вести