Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генчовска до Османи: Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар

Генчовска до Османи: Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар

Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме на чиј терен е топката, вака министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска возврати на изјавата на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

„Позицијата на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ е јасна и нема начин да се смени претстојниот Совет за општи работи“, изјави  Генчовска.

Османи изјави дека топката е во Бугарија и дека нивната земја нема јасен и единствен став за Македонија. Таа рече дека не знае на кој појасен начин да му објасни на Османи дека бугарската позиција е непроменета. Поради ветото од Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести