Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гелевска од ССМ: Да се расчисти инцидентот со полицајката и Асани

Гелевска од ССМ: Да се расчисти инцидентот со полицајката и Асани

И од најголемата синдикална работничка организација во Македонија бараат целосно расчистување на инцидентот меѓу Бекир Асани функционерот на ДУИ и полицајката која била вербално нападната. 

Претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска денеска  одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја врши должноста.

– Впрочем и Полицискиот синдикат кој е членка во ССМ издаде своја наредба да се испита случајот со цел да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја вршела својата работа, изјави Гелевска пред почетокот на Конференцијата за поддршка на кампањата  „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“.


Слично

Поврзани вести